Connect with us

Холанѓаните го убедуваат Ван Гал да седне на селекторската клупа

Луј ван Гал замина во пензија, но Фудбалската федерација на Холандија ќе го убедува да се врати на професијата и да ја преземе селекторската позиција на „лалињата“. Тоа за него е познато работно место, а Ван Гал би бил идеално решение по заминувањето на Франк де Бур.


Холандскиот фудбал доживеа неуспех на Европското првенство, нивната селекција се сопна на првата пречка во нокаут фазата, а Де Бур замина од функцијата.


Челниците на Фудбалската федерација на Холандија се обидоа да преговараат со Ерик Тен Хаг и со Џовани ван Бронкхорст, но не најдоа заеднички јазик за соработка. Планот е да се постави холандски стратег, странските имиња засега не се во комбинација, па затоа Луј ван Гал доби понуда да се врати во професијата.

Тој ја предводеше Холандија на СП 2014, каде стигна до полуфиналето и на пенали загуби од Аргентина. Потоа беше и на кормилото на Манчестер Јунајтед, а во 2016 година објави дека става крај на тренерската кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови