Connect with us

Хет-трик на Осимен, Наполи го декласира Сасуоло (ВИДЕО)

Наполи конечно заличи на шампионскиот тим од минатата сезона. Актуелниот првак го победи Сасуоло на гости со 1-6 и покажа дека сѐ уште поседува квалитет за високи дострели, иако оваа сезона не игра според очекувањата.

Виктор Осимен беше човек на натпреварот и постигна хет-трик.

Интересно е дека Сасуло поведе со голот на Урош Рачиќ во 17.минута, а израмни Амир Рахмани. До крјаот на првиот дел, Виктор Осимен со два гола се погрижи за комплетен пресврт.

Нигериецот комплетираше хет-трик со голот што го постигна во 47.минута, а четири минути подоцна се надоврза и Квича Кварацкелија кој беше стрелец на петтиот и на шестиот погодок за „наполитанците“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови