Connect with us

Херта му даде отказ на тренерот Тајфун Коркут

Херта Берлин по само три месеци се одлучи за нова промена на тренерот. Поради лошите резултато, клубот се раздели со Тајфун Коркут, соопшти бундеслигапот од Берлин. Ова се случи по петтиот последовен пораз на тимот во Бундеслигата. Херта загуби со 0-2 од Борусија Менхенгладбах.


Коркут го презеде тимот во ноември, наследувајќи го Пал Дардаи, но резултатите не се подобрија, а Херта падна на 17. место и се наоѓа во опасната зона на табелата.

„По ветувачкиот старт со 7 поени од првите четири натпревари, го анализиравме развојот и резултатите на деветте натпревари од продолжението на сезоната во јануари. Решивме да направиме нова промена на тренерската позиција“, изјави спортскиот директор Фреди Бобиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови