
Одбранбениот играч на Рома, Марио Хермосо, не ја исклучува можноста за враќање во Ла Лига. Централниот дефанзивец го напушти Атлетико Мадрид по крајот на минатата сезона, а во последните денови се зборува дека Реал Мадрид покажува интерес за него.
„Читав дека сум меѓу фудбалерите кои Реал ги следи по повредата на Едер Милитао. Многу пријатели ме прашуваат за тоа. Тоа не е првпат. Секогаш е голема чест кога те поврзуваат со најголемите клубови. Тренирав во академијата на Реал Мадрид и сум благодарен за сè што научив таму“, изјави Хермосо.
„Бев во академијата на Реал Мадрид и сум благодарен за сè што придонесоа за мојот развој“, истакна тој за „АС“.
„Не успеав да се етаблирам на „Сантијаго Бернабеу“, но добив можност да преминам во Еспањол. Горд сум на тој период. Во академијата на Реал има момци со огромен потенцијал. Се надевам дека ќе добијат шанса и ќе ја искористат“, сподели 29-годишниот дефанзивец.
„Најголемиот дел од мојата кариера го минав во Шпанија. Го сакам фудбалот што се игра во Ла Лига. Секогаш е полесно да си во својата земја. Не ја исклучувам можноста еден ден да се вратам“, додаде Хермосо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
