
ПСЖ неубедливо ја започна сезоната во Лигата на шампионите. Во првото коло од натпреварувањето по групи, Меси, Нејмар, Мбапе и другите ѕвезди од Париз одиграа само 1-1 на гости кај Клуб Бриж, а голот за парижаните го постигна Андер Херера. Шпанецот во разговор за „Марка“ се чуди зошто се прави толку голем притисок дека ПСЖ мора да го освои трофејот во ЛШ.
„Не разбирам зошто е неуспех за ПСЖ кога не ја освои Лигата на шампионите. Последните две години бевме во финалето и полуфиналето. Мислам дека тоа е многу голем успех, особено за толку млад клуб. Не разбирам како никој не ги повикува Реал, Челси, Барселона, Сити или Јувентус, туку само за ПСЖ е императив да ја освои Лигата на шампионите. Претерано е тоа”, изјави Херера.
Следното прашање е кој е најдобар од триото Мбапе-Нејмар-Меси.
„Уф, тешко прашање. Килијан е најдобар во светот на широк простор, Нејмар е најголемиот фантазист и играч во движење, а Лео е најдобар во се друго. Тој би бил најдобриот лев бек, најдобриот десен бек, тој може да игра се освен да биде голман. Неверојатно е како ја разбира играта“, изјави Херера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
