
Напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц, беше воодушевен од успехот на неговата екипа над Манчестер Јунајтед во Премиер – лигата. „Топчиите“ ги победија своите ривали со 0-1 на „Олд Трафорд“ и се искачија повторно на врвот на табелата, со бод повеќе од Манчестер Сити, но и со натпревар помалку.
„Ќе бидам најголемиот навивач на Тотенхем во вторник кога ќе играат со Манчестер Сити. Сите ќе бидеме навивачи на Тотенхем“, изјави Хаверц по натпреварот со Манчестер Јунајтед.
Каи Хаверц беше клучна фигура за Микел Артета оваа сезона, со 12 гола и седум асистенции во Премиер – лигата.
Манчестер Сити утревечер му гостува на Тотенхем во заостанатиот натпревар, а во последното коло в недела ќе го пречека Вест Хем. Арсенал во последното коло е домаќин на Евертон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
