Connect with us

Хасани ќе прави трансфер во клубот од скриената камера на Пандев? (ВИДЕО)

Албанскиот клуб Тирана доби забрана од ФИФА за нови трансфери се додека не го исплати долгот кон еден поранешен фудбалер, а тука најверојатно пропадна и можноста за македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани да го засили овој тим. Информациите велат дека индискиот Ченајин е новиот заинтересиран клуб за Хасани. Тоа всушност е индискиот клуб кој агентот Леонардо Корси го употреби како шега за скриената камера што во Италија му ја подготвија на капитенот на националниот тим, Горан Пандев.

„Ченајин? Каде е тоа, Леонардо? Не, не, па јас имам 37 години, каква Индија?!“, велеше Пандев во телефонскиот разговор со агентот во лудата скриена камера што може да ја погледнете тука.

Ферхан Хасани можеби ќе биде токму нов играч на Ченајин, доколку најавите за овој трансфер се реализираат во целост. 

           

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови