
Навивачите на шпанскиот гигант Валенсија направија хаос пред клупската зграда, синоќа откако нивниот тим загуби од Лас Палмас со 2-3 и падна на последната позиција на табелата во Ла Лига. Тие се незадоволни од управувањето со клубот и бараат промени.
Некогаш се славеа трофеи на „Месталја“, но под водство на бизнисменот Питер Лим клубот неколку сезони се мачи и едвај обезбедува опстанок во Ла Лига.
¡En llamas! Siguen los incidentes en los alrededores de Mestalla. La policía trata de controlar la situación pic.twitter.com/GPh80pPOsT
— MARCA (@marca) October 21, 2024
Навивачите на Валенсија се огорчени и продолжија со протестите, а синоќа состојбата ескалираше после поразот од Лас Палмас. Тие останаа малку подолго на стадионот по натпреварот, па се упатија кон клупскиот паркинг каде направија хаос. Полицијата успеа да ги растера од паркингот, но потоа се упатија кон седиштето на клубот, кое е само неколку метри пред стадионот.
Незадоволните навивачи палеа сè пред себе и за време на нередите се судрија со полицискиот кордон. Она што започна како обичен протест, се претвори во голем инцидент, а наводно неколку полицајци и навивачи биле повредени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
