
Полицијата во Менхенгладбах уапси повеќе од 200 лица кои учествувале во навивачки судири ноќта пред натпреварот од Бундес – лигата меѓу домашната Борусија и Келн.
Полицијата соопшти дека уапсила вкупно 205 „проблематични навивачи“ – 131 навивач на Келн и 74 на Борусија Менхенгладбах – по жестоките судири пред стадионот на кој приврзаниците на Гладбах подготвувале кореографија за денешниот натпревар.
Повредени се и тројца полицајци, од кои еден не можел да продолжи со својата должност, соопшти полицијата.
Полицијата наводно повикала засилување и употребила палки за да ги раздвои двете групи.
Натпреварот меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн се игра денеска од 15.30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
