Connect with us

Хаос во Холандија: Фановите на АЗ Алкмар ја нападнаа ложата на Вест Хем (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу АЗ Алкмар и Вест Хем (0-1) од полуфиналето во Конференциската лига заврши со грди сцени на трибините. Разочарани од поразот на својот тим, домашните навивачи го нападнаа делот каде што беа сместени дел од симпатизерите на гостите. Тие ја прескокнаа оградата и ги нападнаа гостинските навивачи, но и дел од играчите.


Ситуацијата можеше да биде уште полоша бидејќи холандските ултраси ја гаѓаа ложата во која беа сместени семејствата на играчите на Вест Хем, а таму имаше дури и деца. Ова натера некои од играчите на Вест Хем да брзаат во секторот во обид да ги заштитат своите семејства бидејќи стјуардите не беа во можност да се справат со ситуацијата, а полицијата допрва требаше да интервенира.


За среќа, сѐ се заврши без посериозно повредени лица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови