Connect with us

Хаос во Бразил, уапсени повеќе од 200 навивачи на Пењарол (ВИДЕО)

Повеќе од 200 навивачи на уругвајскиот фудбалски клуб Пењарол беа уапсени по судирите со полицијата пред полуфиналниот натпревар од Копа Либертадорес против Ботафого, соопшти полицијата на Рио де Жанеиро.

Во соопштението на полицијата се наведува дека навивачите биле вмешани во низа вандалски дејствија, грабежи, уништување на деловни објекти и возила.

Дополнително, полицијата соопшти дека кај еден навивач бил пронајден пиштол.

Ботафого го победи Пењарол со убедливи 5-0 во првиот меч од полуфиналето на Копа Либертадорес.

Локалните медиуми објавија дека судирот меѓу навивачите и полицијата траел повеќе од еден час, а уапсените навивачи ќе бидат депортирани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови