
Освои тројна круна со Баерн Минхен минатата сезона, но, сепак, не го доби признанието за најдобар тренер од ФИФА. Ханси Флик ја загуби „битката“ со Јирген Клоп во доделувањето на наградите на ФИФА. Сепак, тој е за „фер-плеј“.
„Ние и понатаму ќе продолжиме да победуваме. Јирген Клоп и неговиот стручен штаб ја заслужија таа награда исто како и јас и моите соработници. Секогаш сме за фер-плеј во тој поглед. Се радувам што Роберт Левандовски ја доби наградата „The Best“, затоа што ја заслужи со своите игри. Фудбалетите се секако главни во тимот, тренерот и не е најважен ако ги имате најдобрите фудбалери“, изјави Ханси Флик.
Баерн Минхен утре му гостува на Баер Леверкузен во дербито на колото во бундес-лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
