Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги пофали своите фудбалери по убедливата победа (0-5) против Валенсија и пласманот во полуфиналето на Купот на Кралот. Барса игра исклучително ефикасно под водство на германскиот стратег и досега има постигнато 109 голови во 35 натпревари оваа сезона.
„Многу сум задоволен од начинот на кој игравме. Започнавме силно и создадовме голем број шанси. Ова е стилот на игра што сакаме да го гледаме. Секогаш барам динамичност во играта. Ние сме млад тим и гладни сме за победи“, изјави Флик.
„Се стремиме да постигнуваме многу голови – тоа е дел од нашиот стил и нашето разбирање за фудбалот. Понекогаш, сепак, морам да ги потсетам играчите да бидат повнимателни во последните минути и да ја контролираат ситуацијата на теренот“, додаде 59-годишниот Германец.
Валенсија настапи со резервниот состав против Барса и претрпе тежок пораз.
„Шченсни е тука за да примаме што е можно помалку голови. Тој ни дава стабилност и сигурност. Одличен голман. Не прими гол, што е многу важно и за него“, истакна Флик.
„Педри? Нема многу што да се каже за него, бидејќи е очигледно дека зборуваме за импресивен фудбалер. Несомнено е еден од најдобрите на својата позиција. Педри навистина ужива во фудбалот“, заклучи тренерот на Барса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













