Германскиот стратег Ханси Флик го наследи Чави Хернандез на клупата на Барселона и сега сите очекуваат трофеи од него, но секако тоа нема да биде лесна задача, особено затоа што Реал Мадрид изгледа моќно, а со Мбапе ќе изгледаат уште помоќни.
На Флик му претстои многу напорно лето кога се во прашање трансферите, а новиот тренер на Барселона јасно стави до знаење дека еден играч е „недопирлив“.
Според медиумите блиски до Барселона, Ханси Флик јасно ставил до знаење дека Френки де Јонг е „недопирлив“ и дека негова продажба не доаѓа в предвид.
Во последно време многу се зборуваше за негово заминување од Барселона, а како најголем кандидат за негово доведување се споменува Манчестер Јунајтед.
Де Јонг одби да ја напушти Барселона, а сега очигледно пристигна тренер кој навистина сака да го задржи во клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













