Тренерот на Барселона, Ханси Флик, размислува за напуштање на функцијата по завршувањето на сезоната, јавува шпанското издание „АБЦ“. Според информациите, Германецот изјавил дека се чувствува исцрпено од својата работа на чело на каталонскиот клуб, односот на некои играчи и недостигот на поддршка од раководството.
Германскиот стручњак има договор со клубот до летото 2027 година, но уште од септември почнал да се прашува дали сака да продолжи да го води тимот и во следната сезона. Одлуката најверојатно ќе биде донесена напролет по разговори со раководството.
Слична ситуација веќе се случи во 2021 година, кога Флик го напушти Баерн Минхен по исклучително успешен период, и покрај освоените трофеи. Тежината и очекувањата во клубови од калибарот на Барселона често влијаат, а токму тоа е една од причините и тренери и фигури како Пеп Гвардиола, Луис Енрике и Чави Хернандез да избегнуваат враќање на „Камп Ноу“, иако имаат силна врска со клубот.
Флик ја презеде Барселона летото 2024 година и уште во првата сезона оствари импресивен успех. Тој ја освои титулата во Ла Лига, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија, како и стигна до полуфинале во Лигата на шампионите, каде тимот драматично испадна од Интер. Меѓутоа, тековната сезона започна потешко: Барселона заостанува пет бода зад лидерот Реал Мадрид во првенството, а во Лигата на шампионите има две победи и еден пораз, што моментално ја сместува на 12. позиција на табелата.
Под водство на Флик, каталонскиот тим одиграл вкупно 74 натпревари, со 54 победи, осум реми и 12 порази. Вечерва, Барселона гостува кај Клуб Бриж во Белгија во натпревар од четвртиот круг на Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













