
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали утрешниот противник на тимот, Атлетико Мадрид. Двата тима имаат ист број бодови на врвот во Ла Лига, но „јорганџиите“ имаат натпревар помалку.
„Ќе биде многу тежок натпревар за нас. Тие се најдобриот тим досега. Ќе биде одличен натпревар. Мора да бидеме концентрирани од првата до последната минута. Атлетико постигнува многу голови во завршницата“, изјави Флик.
Германскиот стратег го прокоментира и Диего Симеоне, кој оваа сезона импресионира на чело на мадридскиот клуб.
„Повеќе од 700 натпревари со Атлетико е неверојатно. Тој прави фантастична работа. Неверојатно го почитувам. Ми се допаѓа начинот на кој живее. Неговиот тим ја одразува таа енергија. Го почитувам неговиот труд, но сакаме да победиме.“
Флик зборуваше и за формата на Барселона, која не е најубедлива во последните натпревари.
„Го започнавме проектот, а на 20 декември сме први во Ла Лига и втори во Лигата на шампионите. Изгубивме бодови и тоа е жално, бидејќи требаше да победиме против Лас Палмас и Леганес. Респект за нив, бидејќи одиграа подобро од нас и тоа треба да го прифатиме. Утре повторно имаме шанса да се докажеме“, истакна тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ливерпул ја освои 20. титула (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона на лето го купува Хулијан Алварез

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер
