Баерн Минхен на домашен терен го декласираше Хамбургер со убедливи 5-0 во натпревар од третото коло на Бундес-лигата, одигран пред полни трибини на „Алијанц Арена“.
Баварците тргнаа фуриозно и уште по половина час игра го решија прашањето околу победникот. Рано водство донесе Серж Гнабри во третата минута, а само шест минути подоцна мрежата ја затресе младиот Александар Павловиќ.
Целосниот колапс на гостите дојде средината од првото полувреме – Хари Кејн во 26. минута реализираше пенал, а само три минути подоцна Луис Дијаз погоди за високи 4-0.
Во вториот дел Баерн рутински ја контролираше играта и без поголеми проблеми го приведе мечот до крај. Кејн со втор погодок во 62. минута ги постави конечните 5-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













