Најголемото засилување на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, сака да го напушти „Итихад“ поради лошиот однос со Пеп Гвардиола, открива шпанскиот медиум „Насионал“. Шпанскиот стратег направил лоша атмосфера во соблекувалната и на удар се поголем број фудбалери, затоа што Гвардиола не е навикнат да не биде првопласиран на табелата.
Актуелниот шампион Манчестер Сити во моментот доцни зад Арсенал на врвот на табелата во Премиер – лигата, а денеска може да го искористи „киксот“ на „топчиите“ доколку победи на гости кај Тотенхем.
Халанд летоска дојде во Манчестер Сити за 75 милиони евра од редовите на Борусија Дортмунд и досега постигна 31 гол на 27 натпревари во сите натпреварувања.
Како што тврди „Насионал“, Гвардиола има лош однос и со неколку други фудбалери, Бернардо Силва, Ејмерик Лапорт, а оваа зима Жоао Кансело по караница со менаџерот замина на позајмица во Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













