Манчестер Сити оствари триумф (1-2) на гости против Фулам и се искачи на првото место на табелата во Премиер-лигата со бод предност, но и еден натпревар помалку од Арсенал.
Ерлинг Халанд го отвори резултатот во третата минута од пенал и го урна рекордот на Енди Кол и на Алан Ширер со 34 гола во Премиер – лигата. Истовремено, стигна до 50.гол оваа сезона, што е навистина фантастично.
Фулам израмни со голот на Карлос Винисиус во 15.минута, но Хулијан Алварез повторно ја врати предноста на „граѓаните“ во 36.минута.
Њукасл со 3-1 славеше против Саутемптон дома, со пресврт во вториот дел. Калум Вилсон беше двоен стрелец, а Тео Волкот си постигна автогол, откако гостите поведоа со погодокот на Армстронг.
Манчестер Јунајтед ја победи Астон Вила со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Бруно Фернандеш во 39.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













