Connect with us

Халанд: Среќни сме за победата, иако не игравме добро

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, смета дека неговиот тим не одиграл на највисоко ниво и покрај победата со 4-5 на гостувањето кај Фулам. „Граѓаните“ дојдоа до драматичен триумф, а Норвежанецот го отвори резултатот во 17. минута. Овој гол беше неговиот јубилеен 100-ти во англиската елита, достигнувајќи ја оваа бројка побрзо од кој било друг играч во историјата на Премиер – лигата.

„Мислам дека луѓето кои го гледаа натпреварот од дома уживаа. Беше луд меч, девет голови се навистина многу. На крајот победивме и сме среќни, но ова не беше нашата најдобра победа“, изјави Халанд за „Скај Спортс“.

„Да постигнам 100 голови во Премиер – лигата е неверојатно и навистина сум горд. Секако, ова е огромно достигнување, убаво е да си во ’клубот 100‘. Знаев за тоа и се обидував да стигнам до оваа граница. Се трудам да му помогнам на тимот да постигнува голови, тоа е мојата работа“, додаде тој.

„Секој меч е различен. Не можеш да размислуваш за минатото, мора да се фокусираш на она што следува. Реалноста е дека загубивме од Њукасл и Баер Леверкузен, но сега имаме две победи по ред и треба да продолжиме во истиот ритам. Распоредот ни е тежок. Во следниот месец нè очекуваат многу натпревари. Мораат да се подготвуваме меч по меч“, посочи Норвежанецот.

„Како напаѓач на Манчестер Сити мораш да покажуваш одлични резултати. Тоа е мојата работа и луѓето треба да ме критикуваат ако не ја извршувам, што најчесто и се случува. Јас морам да си ја завршувам работата“, додаде Халанд.

„Разликата со Арсенал? Тие дојдоа тука и победија. Фулам е одличен тим, но не треба премногу да размислуваме за Арсенал. Треба да се фокусираме на себе. Мора да се подобриме како тим и ќе го направиме тоа“, заклучи тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови