
„Бомба“ доаѓа од Шпанија, Реал Мадрид наводно ги договорил условите за ангажман на норвешкото голгетерско чудо, Ерлинг Халанд. Напаѓачот се согласил со понудата на „кралевите“, ги прифатил условите на Флорентино Перез, но остана потешкиот дел од работата, мадриѓаните да најдат решение за Борусија Дортмунд кој одбива да го пушти Норвежанецот.
Поточно, тие бараат околу 150 милиони евра, двојно поголема сума од онаа што ја има во клаузулата на одличниот напаѓач за заминување следното лето.
Халанд одмора со пријателите на Миконос, а неговиот агент Мино Раола и таткото Алфи преговараат. Тие сакаат да ја завршат работата со Реал Мадрид, „кралевите“ да платат околу 120 милиони евра, дел од нив врзани со бонуси. Намера на Реал Мадрид е да го доведе Халанд ова лето, а потоа следното и Килијан Мбапе како слободен агент.
Покрај Реал Мадрид, во трка за Халанд е и Челси. Англискиот премиерлигаш е поконкретен и подготвен е да плати 100 милиони евра и да го испрати Тами Абрахам во Борусија Дортмунд.
Не треба да се потцени и Баерн Минхен. Роберт Левандовски размислува за можно заминување, а баварскиот клуб на крајот секогаш успева да го добие најдоброто што игра во Бундес – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Евро-фудбал
Реал Мадрид го продолжи договорот со Тибо Куртоа

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
