
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, е неизвесен за настап на дуелот против Јанг Бојс утревечер во групната фаза од Лигата на шампионите. Норвежанецот се повреди на натпреварот против Борнмут викендот, кога беше принуден да го напушти теренот.
Со успех против Швајцарците, „граѓаните“ на две кола пред крајот на групната фаза ќе обезбедат премин во следната фаза.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, навести дека најверојатно нема да ја ризикува состојбата на Халанд, иако тој вчера имаше лесен тренинг. Се очекува стратегот да ги штеди силите на Норвежанецот за дербито со Челси следниот викенд.
„Не знам дали Ерлинг ќе може да игра утре. Денеска ќе разговараме со докторот. Вчера тој ми кажа дека се чувствува подобро, но за денес не можам да кажам ништо”, објасни Шпанецот.
„Ќе разговарам со лекарите и ќе ги слушам нивните совети. Ако тие кажат дека е добро и нема болки, сериозно ќе размислам да го вклучам во тимот бидејќи има доволно време од вторник до недела. Нашата цел е да се квалификуваме за следната фаза од Лигата на шампионите.Тоа значи многу за нашиот клуб и голем успех е да се биде во осминафиналето“, додаде Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
