
Најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, даде интервју за „Газета дело спорт“ неколку часа пред финалето на Лигата на шампионите против Интер, зборувајќи за неговите приоритети, притисокот, амбициите и критиките кон него.
„Сакам да уживам во моментот без да размислувам за минатото или сегашноста. Фокусиран сум само на она што допрва почнува. Не сакам да зборувам за ривалите, претпочитам да се фокусирам на себе и на мојот тим.
Се соочуваме со Интер, тоа е силен тим кој ќе ни го отежни животот. Мораме да бидеме на максимално ниво за да победиме. Ги ценам зборовите на Ромелу Лукаку дека ќе доминирам во фудбалот во следните 10 години, но размислувам само за претстојниот натпревар. Ќе излажам ако кажам дека не чувствувам притисок. На Манчестер Сити му недостига само трофејот во Лигата на шампионите и јас сум тука да му помогнам на клубот да постигне нешто што никогаш досега не го направиле. Ќе дадам сѐ од себе“, изјави Халанд.
Првото финале на ЛШ што некогаш го гледав беше Манчестер Јунајтед против Челси во 2008 година кога имав 8 години. Кога видов како славеа играчите на Јунајтед, помислив дека сакам да го доживеам истото и сега сме многу блиску до тоа. Дадов само еден гол на последните седум натпревари? Ова е само едно гледиште на работите. Другото е дека имам 52 гола и 9 асистенции на 52 натпревари. Но, не размислувам и за тоа. Вечерва е посебен натпревар и ништо друго не е важно“, истакна норвешкиот интернационалец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
