Connect with us

Халанд го надмина рекордот на Салах, нека му ја мислат Алан Ширер и Енди Кол

На Ерлинг Халанд му требаше многу време за да постигне гол на дербито со Арсенал, но, серпак, тој се погрижи да додаде лична слава во последните секунди од натпреварот на „Итихад“.
Напаѓачот на Манчестер Сити пропушти четири добри шанси против „топчиите“, но на крајот сепак постигна гол за конечни 4-1.


Тоа беше негов 33. првенствен гол во сезоната, што значи дека го направи незамисливото и го собори рекордот на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, за најмногу голови во една сезона со 38 настапи. Египќанецот ја заврши сезоната 2017/18 со 32 гола, но сега норвешката гол-машина го надмина.


На Халанд сега му недостига само еден гол да го надмине рекордот на Алан Ширер и на Енди Кол од 34 гола, постигнати во сезона со 42 натпревари.


Манчестер Сити има седум натпревари до крајот на оваа сезона и се чини речиси невозможно Норвежанецот да не го подобри и тој рекорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови