Ерлинг Халанд е еден од најскапите и најдобрите играчи во светот, но ќе го пропушти Светското првенство во Катар, кое започнува в недела и ќе трае до 18 декември, бидејќи неговата Норвешка не успеа да се квалификува. Но, затоа ги избра своите фаворити.
„Според мене, фаворити се Бразил, Аргентина, Франција, а можеби и Англија. Не можам да изберам една селекција бидејќи има толку многу добри, па ќе ги одберам овие четири“, изјави Халанд, кој постигна 18 гола на 13 натпревари во Премиер – лигата за Манчестер Сити по доаѓањето во клубот ова лето.
„Би сакал да играм на Светското првенство. Но, реалноста е дека јас не играм. Ќе се опуштам, телото и умот, а потоа тренирам. Со оглед на тоа дека ми оди добро во првите месеци во Сити, не морам да работам на многу работи или да менувам нешто“, додаде Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













