Connect with us

Халанд дава многу голови, но не во полуфинале и во финале

Ерлинг Халанд постигна 54 гола и асистираше деветпати во 56 натпревари за Манчестер Сити минатата сезона, а пред да му се приклучи на клубот во 2022 година, играше за Борусија Дортмунд. Таму на 89 натпревари постигна 86 гола и 23 пати асистираше.


Сепак, има нешто што не му оди во прилог на одличниот норвешки напаѓач. Статистички тој нема добар ефект на најважните натпревари.

Во вчерашната победа од Суперкупот на Европа против Севилја (1-1, победа на Сити на пенали), Халанд ја продолжи серијата на осум полуфинални и финални натпревари за Манчестер Сити на кои има нула голови и асистенции.

Халанд не постигна гол или асистенција на минатогодишниот „Комјунити Шилд“ против Ливерпул. Така беше и против Шефилд Јунајтед во полуфиналето на ФА Купот, како и во финалето против Манчестер Јунајтед. Халанд немаше значаен ефект против Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, ниту пак против Интер во финалето. Ситуацијата не се подобри ниту оваа сезона, бидејќи Халанд не успеа да постигне гол и да асистира во „Комјунити Шилд“ против Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови