Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Хaланд, и челниците на клубот започнаа првични разговори за потпишување на нов договор меѓу двете страни. Актуелниот договор на Норвежанецот е на уште три години, но и покрај ова, од „Итихад“ сакаат да му понудат нов договор со подобри услови и подолг период, пишува „Фудбал инсајдер“.
По првичните разговори меѓу шефовите и агентката на играчот Рафаела Пимента, се чини дека двете страни сакаат да постигнат договор. Сепак, Халанд постави важен услов кој ги загрижува „граѓаните“. Тој побара во неговиот нов договор да биде вклучена откупна клаузула, што особено не им се допаѓа на шефовите на „Итихад“, бидејќи идејата на новиот договор е да се одбијат потенцијалните кандидати за потписот на напаѓачот.
Доколку навистина се согласат да вклучат таква клаузула во договорот, цената сигурно би била толку висока што многу малку клубови би можеле да си дозволат да ја платат. Тоа барем ќе им даде гаранција на газдите на Сити дека нема така лесно да ја испуштат својата ѕвезда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













