Connect with us

Хакими пристигна во Париз, потпишува со ПСЖ до 2026

Мароканскиот интернационалец Ашраф Хакими синоќа пристигна во Париз каде во текот на денешниот ден треба да ги мине деталните лекарски прегледи и да го реализира трансферот од Интер во Пари Сен Жермен. Тој ќе потпише петгодишен договор со „светците“ и треба да биде големо засилување за тренерот Маурисио Покетино.

Пари Сен Жермен на Интер ќе му исплати загарантирани 60 милиони евра, а дополнителни 11 милиони евра се врзани со разни бонуси за успешност во периодот додека го носи дресот на францускиот клуб.

После Хакими, следна цел на ПСЖ ќе биде ангажманот на Серхио Рамос.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови