Хаким Зијеч беше доведен на „Стемфорд бриџ“ како големо засилување во периодот додека менаџер на Челси беше Франк Лампард, но очигледно дека тој не е по вкусот на новиот стратег, Германецот Томас Тухел. Тој не добива шанса за настап и веќе размислува за заминување од англискиот премиерлигаш.
Мароканецот за 40 милиони евра од Ајакс прејде во редовите на Челси. Во тој период беше еден од најбараните фудбалери во Европа, а раководството на клубот успеа да го договори неговиот трансфер од Амстердам во Лондон. Но, сега би можел да замине поради малата минутажа.
За Хаким Зијеч сериозно се заинтересирани италијанските калчолигаши Милан и Интер. Тој сезонава собра вкупно 19 настапи за Челси, постигна два гола и запиша четири асистенции. Сепак, по доаѓањето на Тухел падна во втор план.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













