Connect with us

Хајдук Сплит го носи Анте Ребиќ на местото на Перишиќ

Хрватскиот клуб Хајдук Сплит најде нова опција за големо засилување ова лето. Откако стана јасно дека ќе следи разделба со Иван Перишиќ, раководството на „билите“ оствари контакт со Анте Ребиќ.

Поранешниот хрватски репрезентативец е слободен агент по разделбата со Бешикташ, па без проблеми би можел да му пристапи на Хајдук Сплит.

Ребиќ како млад фудбалер од клубот Сплит направи трансфер во Фиорентина, а потоа играше и за Лајпциг, Верона, Ајнтрахт, Милан и за Бешикташ.

За репрезентацијата на Хрватска одигра 42 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови