Connect with us

Хајденхајм со неверојатен пресврт го победи Баерн, триумфи за Лајпциг и за Баер Леверкузен (ВИДЕО)

Баерн Минхен имаше водство од 0-2 на гости против Хајденхајм, но домаќинот направи неверојатен пресврт во второто полувреме и победи со 3-2. Хари Кејн во 38.минута и Серж Гнабри во 45.минута постигнаа голови за Баерн и сите помислија дека тоа ќе биде рутински триумф за баварскиот тим.

Но, Хајденхајм експресно израмни на 2-2 со головите на Сеса и на Кајдинст на почетокот на вториот дел.

Победничкиот погодок повторно беше дело на Тим Клајдинст во 79.минута од мечот.

Лајпциг славеше убедлив триумф (1-4) на гости против Фрајбург. Елмас влезе во игра во 83.минута, а неговите соиграчи претходно ја завршија работата. Лоис Опенда беше двоен стрелец, Хајдара го отвори резултатот, а погоди и Бењамин Шешко во 54.минута. За Фрајбург беше стрелец Грифо во 59.минута.

Баер Леверкузен победи (0-1) на гости против Унион Берлин и сега има 16 бода предност на врвот на табелата. Флоријан Вирц од пенал во судиското продолжение од првото полувреме.

Мајнц беше убедлив против Дармштат и победи со 4-0, а Келн го совлада Бохум со 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови