
Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски по повеќе од една година повторно се враќа во Обединетите Арапски Емирати. Хаџиевски во иднина ќе биде нов тренер на прволигашот од ОАЕ, ФЦ Емирејтс.
Хаџиевски, за кого Емирејтс е 19-ти клуб во кариерата, се враќа во ОАЕ откако претходно го водеше и тимот на Ал Дарфа. Минатата година беше и спортски директор и на неколку натпревар тренер на Беласица, но по кратката авантура се раздели со струмичани по што беше без ангажман.
Ѓоко Хаџиевски претходно во својата кариера беше тренер и на Пелистер, Вардар, Силекс во Македонија, како и ЦСКА Софија, Војводина, Џубило Ивата, Касторија, Докса, Баку, Атримитос, Најран, Ал Таевон, Хата…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
