
Брегалница во третото коло од Првата македонска фудбалска лига денеска од 17 часот во Кавадарци оди на мегдан со Тиквеш. По претходниот незаслужен пораз од Струга ТЛ на домашен терен, сега „сините“ повторно во нов гостински предизвик, желни за победа.
Фудбалерот од средниот ред, Адис Хаџановиќ, е свесен дека ќе биде тоа тежок натпревар, но најавува максимална борба на теренот во Кавадарци.
„Против Струга ТЛ не заслуживме пораз. Бевме поблиску до победата, но сигурно најмалку заслуживме бод. Сепак, ете и тоа сега ни носи дополнителен мотив за квалитетно издание во Кавадарци, каде верувам нема да разочараме. Имаме компактна екипа која знае што сака на терен“ – вели Хаџановиќ, и дополнува:
„Факт е дека нема да ни биде лесно, затоа што Тиквеш има силен тим. Максимално ги почитуваме, но ние чекориме по нашиот пат“.
Академија Пандев ја пречекува Шкендија, додека Струга Трим Лум, која има две победи на стартот, ќе го пречека Работнички.
Во Кратово, Силекс ќе ги одмери силите со ФК Скопје.
Вчера, Македонија ЃП ја совлада Победа со 4-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ТРЕТО КОЛО (денеска 17 часот)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС – СКОПЈЕ
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 4-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
