
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја коментираше одлуката на Јирген Клоп да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Каталонскиот стратег зборуваше за медиумите по победата во ФА Купот над Тотенхем.
„Сега ќе спијам помирно! Секој ден пред натпреварите против Ливерпул беше кошмар. Не можеме да го опишеме мојот период во Премиер-лигата, без Јирген и без Ливерпул. Тој е најдобриот противник што сум го имал“, изјави Гвардиола.
„Секако дека му посакувам сѐ најдобро на Клоп. Нема да признае, но ќе се врати еден ден, сигурен сум. Можеби ќе поминат 10 години, но ќе се врати. На фудбалот му требаат тренери и личности како него. Се надевам дека ќе се видиме и следната година и ќе вечераме заедно“, продолжи Пеп.
„Јас сакам да работам уште една година. Можно е и да потпишам нов договор“, додаде менаџерот на „граѓаните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
