
Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити го победи Челси со 3-1 во дербито на 23. коло од Премиер – лигата. Челси поведе во третата минута со гол на Нони Мадуеке, но Сити во продолжението славеше со голови на Јошко Гвардиол, Ерлинг Халанд и на Фил Фоден.
Пеп Гвардиола одлучи од првата минута да испрати на терен двајца нови играчи кои Манчестер Сити ги донесе во јануарскиот преоден рок, египетскиот напаѓач Омар Мармуш и узбекистанскиот стопер Абдукодир Хусанов.
Хусанов направи грешка при голот за водство на Челси. Најпрво не успеа да ја однесе топката во воздушен дуел со Џексон, а потоа лошо се обиде со глава да ја врати до Едерсон.
Џексон ја пресече топката и асистираше на Мадуеке, кој постигна гол на празна мрежа. Само минута подоцна, Хусанов доби жолт картон, а во 54. минута беше заменет. Неговиот прв настап заврши, но младата надеж доби аплауз од публиката на „Етихад“, и покрај тешкиот дебитантски меч.
Гвардиола го поддржа младиот Хусанов по тешкиот почеток.
„Не му беше лесно. Тренираше со нас само еднаш и потоа веднаш играше против Џексон, Палмер, Мадуеке, Санчо… Кога ќе купиш толку млад играч, неговата интеграција и адаптација се процес. Ќе научи. Ваквите акции се најдобри лекции кои младиот играч може да ги добие“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата.
Кога го прашаа дали размислувал да го замени Хусанов по првите пет минути поради грешките, Пеп одговори:
„Па, треба да научам руски или узбекистански за да комуницирам со него. Тој не зборува англиски!“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
