Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е во неизвесност дали ќе го има на располагање играчот од средниот ред Кевин де Бруин за дербито со Арсенал. 32-годишниот Белгиец го пропушти четвртфиналниот натпревар од ФА Купот со Њукасл (2-0) поради повреда на препоните.
„Кевин ни е многу важен. Ова е тешка сезона за него поради повредите. Беше отсутен долго време. Тој тренираше добро. Сепак, сѐ уште е неизвесно колкав товар ќе може да издржи Де Бруин со оглед на важноста на дербито“, изјави Гвардиола.
Во оваа сезона Де Бруин одигра 14 натпревари на кои постигна два гола и забележа 13 асистенции.
Манчестер Сити е третопласиран во Премиер – лигата со 63 бода.
Гвардиола за дербито против Арсенал на „Итихад“ нема да може да смета и на Кајл Вокер и на Џон Стоунс во одбраната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













