
Една од најуспешните во кариерата на Пеп Гвардиола беше претходната сезона. Со Манчестер Сити ја освои титулата Англија на доминантен начин.
Шпанецот и неговиот тим сега повторно почнуваат од нула, а очекувањата се уште поголеми, исто како и притисокот. Витрините на клубот од „Итихад“ го чекаат елитниот трофеј од Лигата на шампионите, исто како што навивачите ја чекаат веста – дали Хари Кејн ќе се приклучи на тимот, покрај Џек Грилиш.
„Секоја сезона откако сум во клубот, пет или шест години, мислам дека секоја сезона првенството станува се потешко. Тимовите се подобри. Секоја сезона кога започнуваме имаме нов предизвик пред нас. Го прославивме освојувањето на трофејот, кој е во нашите витрини, во нашата меморија и сега треба повторно да почнеме одново“, вели Гвардиола.
„Имавме исклучителна сезона, една од најдобрите во мојот живот. Повторно освоивме два трофеи, игравме финале во Лигата на шампионите, како и полуфинале во ФА Купот. Но, од минатото не се живее“, додаде тој.
„Граѓаните“ првиот натпревар во новата сезона ќе го одиграат утре против Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
