
По освојувањето на тројната круна, Манчестер Сити се впушти во проект за подмладување на тимот. Наместо капитенот Илкај Гундоган, веќе пристигна хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ, а на излезната врата на клубот е уште еден долгогодишен столб на тимот на Пеп Гвардиола.
Англискиот репрезентативец Кајл Вокер е една од главните желби на Томас Тухел во летниот преоден рок и треба да се пресели во Баерн. Вокер е еден од најбрзите фудбалери во светот, но десниот бек има 33 години и не секогаш беше прв избор во штотуку завршената сезона.
Гвардиола на крајот на минатата година приоритет му даде на 18-годишниот Рик Луис од младинската академија на клубот, а во финалето на Лигата на шампионите против Интер, наместо Вокер, на десната страна го постави Мануел Аканџи.
Сепак, каталонскиот тренер сака уште позвучно име на таа позиција. Тој го сака Ашраф Хакими, одличниот марокански репрезентативец и првотимец на ПСЖ, кој е девет години помлад од Вокер.
Минатата година Хакими беше еден од клучните играчи во историскиот поход на Мароко до полуфиналето на Светското првенство. Тој е роден во Мадрид и првите настапи ги имаше во дресот на Реал Мадрид, потоа беше позајмен во Борусија Дортмунд на две години, продаден во Интер, а во 2021 година направи трансфер во ПСЖ вреден 68 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
