
Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, ја прокоментира победата на неговиот тим со 0-2 против Тотенхем во одложениот натпревар од 34. коло на Премиер – лигата. „Граѓаните“ беа критикувани дека не играат на високо ниво, но Гвардиола потсети дека и нивниот главен конкурент во трката за титулата Арсенал не играл најдобро при последната победа на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.
„Ако продолжиме да играме вака, ќе ја загубиме Премиер – лигата. Не можеме да играме така на наше ниво. Секако, и фудбалерите се луѓе и го разбирам притисокот врз нив. Ниту Арсенал не одигра добро против Манчестер Јунајтед бидејќи знаеше дека ако не победи, нема да ја освои титулата. Истото ќе се случи и в недела против Вест Хем. Тогаш и ние ќе го почувствуваме притисокот. Но, сѐ е во наши раце и тоа е добриот момент за Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити во последното коло го пречекува Вест Хем, додека Арсенал е домаќин на Евертон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
