
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше по убедливата победа на неговиот тим со 4-0 против Њукасл во натпревар од 25-то коло на англиската Премиер лига.
„Начинот на кој игравме ни помогна да се потсетиме кои сме. Не можевме да се пофалиме со тоа претходно оваа сезона“, изјави Гвардиола.
Победата беше против директен конкурент за топ 4, што му дава надеж на шпанскиот стратег дека крајот на сезоната може да биде успешен и покрај некои негативни моменти во изминатите месеци.
„Секогаш се обидуваме, но понекогаш не успеваме. Многу сум задоволен од темпото и интензитетот што го покажавме во нападот. Нико Гонзалес и Хусанов беа одлични. Мораме да ги добиваме овие натпревари за да обезбедиме место во Лигата на шампионите. Мораме да играме на начин кој ќе ги направи нашите навивачи среќни“, додаде Гвардиола.
Покрај тоа, „граѓаните“ ја искористија и грешката на нивниот друг директен конкурент за Топ 4, тимот на Челси, кој помалку од 24 часа претходно беше поразен од Брајтон со 3-0.
„Мармуш добро се снајде во Германија, тој е квалитетен и брз играч. Задоволен сум од начинот на кој ги постигна головите. Промаши неколку шанси, но, сепак, беше одличен во завршната фаза“, изјави Гвардиола.
На крајот, менаџерот на Сити зборуваше и за можната повреда на Ерлинг Халанд, кој ги загрижи домаќините откако се фати за десното колено, но при излегувањето од теренот изгледаше дека повредата не е сериозна.
„Кога падна, сите беа исплашени. Но, тој ја напушти играта насмеан, а докторот не ми кажа ништо лошо, па се надевам дека Ерлинг е добро. Сè уште не сум разговарал со докторот, но можеби ситуацијата не е толку лоша како што можеше да биде“, заклучи Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski