
Манчестер Сити оствари убедлива победа од 4-1 против Вест Хем, но менаџерот Пеп Гвардиола изрази незадоволство од перформансот на својот тим. Според него, екипата е далеку од стандардите кои тој ги очекува.
„Резултатот можеби покажува едно, но реалноста е дека не сме на посакуваното ниво. Знаеме кога играме добро, а овојпат тоа не беше случај. Среќен сум за момците и за напорот кој го вложија, но вистината е дека можевме да губиме со 0-1 во првите минути“, изјави Гвардиола по натпреварот на „Етихад“.
„По природа сме силен тим, трчаме многу со и без топка, и сме смирени. Но, во моментов тоа не е така. Задоволни сме од резултатот, но ако ме прашате дали стариот Манчестер Сити се вратил, одговорот е – не. Савињо одигра одлично, момците се трудат, но не играме на нивото кое го покажувавме во претходните сезони. Треба да бидеме искрени со самите себе. Единствениот начин да се подобриме е да ја признаеме реалноста“, додаде тој.
„Среќен сум, немојте да ме сфатите погрешно. Во вакви денови спијам подобро. Но, треба да разберете дека стариот Сити сè уште не се вратил. Ова не е нашето ниво. Не велам дека губењето е катастрофа, а победата е совршенство. На пример, против Евертон игравме подобро, но натпреварот заврши нерешено“, заклучи Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Евро-фудбал
Манчестер Сити го купува „новиот Одегард“

Евро-фудбал
Наполи тргнува по потписот на Лоренцо Лука

Евро-фудбал
Севилја го избра Матијас Алмеида за нов тренер
