Манчестер Сити се соочува со казна поради прекршување на многу правила поврзани со финансискиот фер-плеј, а Пеп Гвардиола потврди дека ќе остане на клупата на овој тим и доколку биде казнет.
Истиот ден кога Манчестер Сити беше обвинет за бројни прекршувања на правилата, Пеп Гвардиола изјави дека ќе го напушти клубот доколку сфати дека челниците на клубот го излажале.
Сепак, на денешната прес-конференција тренерот на Манчестер Сити зборуваше токму за тоа и беше појасен од кога било досега.
„Кога имаше проблем со УЕФА, тогаш се докажа дека Манчестер Сити е целосно невин. Зошто некој би помислил дека сега е поинаку“, изјави Гвардиола на почетокот на прес-конференцијата.
Тренерот на Манчестер Сити е убеден дека неговиот тим ќе биде прогласен за невин.
„Верувајте ми, немам ни трошка сомнеж. Ако треба да изберам меѓу зборовите 19 клубови од Премиер – лигата или зборовите на мојот клуб, се потпирам на зборовите на мојот клуб“, изјави Гвардиола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski