
Англискиот шампион Манчестер Сити нема намера многу да го менува тимот, но планира да доведе едно скапо засилување. Како што пренесуваат медиумите на Островот, играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш, во моментов е најблиску до „Итихад“.
Наводно, поради потенцијален проблем со финансискиот фер-плеј, Њукасл би морал да продаде неколку играчи ова лето, а Бруно Гимараеш е највредниот и најскапиот во тимот.
Моментно Манчестер Сити е во пол-позиција да го доведе, иако не е тајна дека го сака и Арсенал. Пеп Гвардиола и Микел Артета имаа слична трка и минатото лето за Деклан Рајс, а фудбалерот одлучи да замине на „Емирати“.
Сега се чини дека ситуацијата би можела да биде поинаква и дека Бразилецот е поблиску до потпис со Сити.
Неговата отштетна клаузула изнесува дури 100 милиони фунти, но Манчестер Сити верува дека Њукасл би бил подготвен да преговара доколку се најде во споменатите финансиски пречки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
