Connect with us

Гвардиола: Њукасл е одличен тим, а Сити покажа дека има сила за нова титула

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше воодушевен од победата над Њукасл од 2-0. Според него ова е многу важна победа за неговиот тим. По неа, „граѓаните“ ја продолжуваат битката за титулата.


„Бернардо Силва знае како да ни помогне да ја задржиме топката долго време. Тој знае како да игра со неа и да направи дополнително додавање што ни треба бидејќи во еден момент натпреварот не течеше според нашите замисли. Њукасл беше подобар. Ние не сакавме да има брза транзиција во играта и затоа одлуката беше да го внесеме Бернардо. Тоа се покажа добар потег и победивме, па јас сум среќен“, изјави Гвардиола.

Менаџерот на Сити вели дека Њукасл е одличен тим.

„На почетокот на натпреварот тие беа подобри. Имавме проблеми со градењето на нашите напади. Моравме да направиме некои промени и по брилијантната игра на Фил Фоден, ја презедовме играта во свои раце. Првите неколку минути од второто полувреме беа добри, но потоа повторно се загубивме и добро е што Бернардо ни помогна да се вратиме на вистинскиот пат. Едно е јасно, Њукасл во наредните години ќе се бори за титулата“, смета Шпанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови