Манчестер Сити се уште е во потрага по нов лев бек. На „Етихад“ би можел да пристигне дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Рафаел Гереиро.
28-годишниот португалски интернационалец е под договор со Борусија до летото 2023 година, па германскиот клуб би можел да биде и принудена да се раздели со него. Португалецот сигурно ќе биде во искушение да потпише за англискиот шампион, а на челниците на „Сигнал Идуна Парк“ ќе им биде тешко да го задржат, особено ако за него пристигне голема понуда.
Неговата цена моментно е околу 25 милиони евра.
Гереиро пристигна во Борусија Дортмунд од Лориен во 2016 година и стана важен играч за клубот во последните седум сезони. За „милионерите“ има 187 натпревари, 32 гола и 37 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













