Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека преполниот распоред на неговиот тим значи дека тој ќе биде принуден да направи промени во составот во наредните недели за да го заштити здравјето на играчите. Сити го очекуваат четири натпревари во следните 11 дена.
Првиот од нив е утревечер во Лигата на шампионите против Црвена Звезда на „Итихад“, а в сабота е мечот со Нотингем Форест во Премиер – лигата. Тие потоа се соочуваат со Њукасл во Лига – купот на 27 септември и гостуваат во Вулверхемптон три дена подоцна.
Гвардиола призна дека е загрижен за влијанието на напорниот распоред врз играчите.
„Проблем станува кога има многу повреди. Проблемот е што натпреварите се натрупуваат. Имаме натпревар од Лига Купот против Њукасл и жал ми е, но ќе мора да искористиме некои играчи од вториот тим. Кевин де Бруин сѐ уште е надвор, како и Џон Стоунс, Матео Ковачиќ и Џек Грилиш. Во моментов прашање е играчите да се опорават и да бидат во најдобра можна состојба. Момците играат и за своите репрезентации, патуваат од Боливија, од Бразил, па тоа е доста исцрпувачки за нив“, истакна менаџерот на Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола додаде дека не е изненаден од добрата состојба на Кајл Вокер.
„Работам со него веќе седум години и не сум изненаден. Тој ги доби добрите гени на неговите родители“, изјави Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













