
Тимот на Манчестер Сити ризикува да ја пропушти Лигата на шампионите следната сезона поради падот на формата, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.
Сити, кој се стреми да се квалификува за најпрестижното клупско натпреварување во Европа 15-та година по ред, има само една победа од последните осум натпревари во Премиер – лигата и моментно е на седмото место на табелата, со 12 бодови зад лидерот Ливерпул.
Манчестер Сити заостанува четири бода зад Нотингем Форест, кој го држи четвртото место, последното кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
„Кога го кажав ова порано, луѓето се смееја. Ми одговорија дека ‘квалификувањето за Лигата на шампионите не е голем успех’. Но, јас го знам тоа, бидејќи ова се случува со клубовите во оваа земја“, изјави Гвардиола пред натпреварот дома против Евертон на Боксинг Деј.
„Мораме да освојуваме бодови и да победуваме натпревари, инаку нема да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Ако не се квалификуваме, тоа е затоа што не заслужуваме, затоа што не бевме подготвени, затоа што имаме многу проблеми и не ги решивме и не најдовме начин да победуваме. Секако, има многу кандидати кои сакаат да бидат таму. За секој клуб тоа е многу важно. А во моментов ние сме надвор и ако не победуваме, ќе бидеме елиминирани“, коментира Гвардиола.
Кога беше прашан дали ќе разговара со претседателот на Сити, Халдун Ал Мубарак, за моменталната ситуација, тој одговори:
„Разговараме секоја недела. Чувствувам неверојатна поддршка од него“.
Тимот на Манчестер Сити, кој е без добитникот на „Златната топка“, Родри, од септември поради повреда на предните вкрстени лигаменти, во моментов не може да смета и на Рубен Дијаш, кој е со мускулна повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
