Connect with us

Гвардиола: Контранападите на Реал е невозможно да се сопрат

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја потенцираше класата на Реал Мадрид по атрактивното реми на „Сантијаго Бернабеу“ (3-3) во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.


„Луѓето сигурно добро се забавувале гледајќи натпревар со шест гола. Контранападите на Реал Мадрид е невозможно да се контролираат. Загубивме многу топки, дури и нашите најстабилни играчи направија грешки во овој поглед“, изјави Гвардиола.

„Свесни сме дека на овој стадион никогаш ништо не е решено додека судијата не отсвири крајот на натпреварот. Долго време доминиравме, постигнавме два прекрасни гола и не дозволивме шанси пред нашиот гол. На паузата им кажав на фудбалерите дека остануваат уште 45 минути и уште 90 во реваншот. Сакав да бидеме поопуштени, да го извлечеме противникот на крилните позиции и потоа да ги искористиме вклучувањата на Фоден и на Гвардиол“, објасни шпанскиот стратег.

„Повторувам. Контранападите на Реал не можат да се запрат, но важно е да се минимизираат. Нивните играчи се способни да дриблаат и го имаат Крос, кој ја насочува играта на тимот како што само тој може“, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови