
Манчестер Сити ја одложи прославата на шампионската титула во Премиер – лигата откако загуби со 1-2 на „Итихад“ од Челси, ривалот со кој ќе се сретне и во финалето на Лигата на шампионите. „Граѓаните“ имаат водство со голот на Стерлинг, а Серхио Агуеро не постигна гол од пенал. Аргентинецот се посрамоти, се обиде со „паненка“, но на крајот тоа излезе како аматерски потег.
Менаџерот Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим треба да научи од овие грешки и ќе се обиде да го победи Челси во финалето на Лигата на шампионите.
„Направивме многу грешки и треба да научиме од овој пораз. Агуеро индолентно изведе пенал, а ние игравме против Челси кој е одличен тим под раководство на Тухел. Ќе анализираме и ќе мораме многу подобро во финалето на Лигата на шампионите“, изјави Пеп Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal