Connect with us

Гвардиола ќе мора три седмици без Кевин де Бруин

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ќе биде сериозно ослабен во наредните три седмици поради отсуството на најдобриот играч за врска, Кевин де Бруин. Белгиецот заработи повреда на бутниот мускул на мечот против Астон Вила, предвреме го напушти теренот, а лекарските наоди покажаа дека Де Бруин ќе мора да паузира околу три седмици. 

Ова значи дека менаџерот Пеп Гвардиола најверојатно ќе биде без услугите на белгискиот интернационалец и на дербито против Ливерпул на 7 февруари. Тој сигурно ќе ги пропушти мечевите од Премиер – лигата против Вест Бромвич Албион, Шефилд Јунајтед и против Барнли. 

Покрај Де Бруин, Гвардиола не може да смета и на Серхио Агуеро кој е позитивен на коронавирус. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови